0 коментари 1 мин. читање 29 април, 2011

Веб музичкиот сервис на Apple можеби се вика iCloud

iCloud.com до сега беше домен на шведска компанија Xcerion со веб сервис за складирање со истото име. Сега нивниот iCloud е ребрендиран во CloudMe, a тој домен – cloudme.com, е купен на 5-ти април. Според изворот на GigaOm кој е „запознаен со компанијата, Xcerion го продаде доменот на Apple за околу 4.5 милиони долари“, но се наведува и дека нема коментар од Xcerion.

Според оваа информација се чини дека Аpple ќе го претрка Google во објавување веб музички сервис кој ќе биде воедно и складиште на музика, каде корисникот ќе може да си ја закачи на веб музиката, од таму да си ја пушта и да ја синхронизира со своите мобилни уреди, и секако да има пристап до неа од било каде. Претходно таков сервис објавија Amazon. Можеби разликата кај Аpple е што ќе наплаќаат за својот сервис, според извештај на Cnet.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top