1
Стив Џобс: Android ве следи. Не ние.
Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.