„Корисниците се збунети бидејќи Apple не достави доволно информации и едукација за вакви проблеми со податоците.“, пишува Apple во официјалното соопштение.
Apple вели дека сепак постоело грешка, локацијата не требало да биде снимана до година дена и најави дека ќе го намали ова време на седум дена, како и најави дека нема да собира толку многу лични податоци туку само потребната географска локација за да може да функционираат таргетираните реклами и локациските сервиси кои го користат тој фајл.
Во официјалната изјава Apple вели дека не ја следи локацијата, дека ова складирање го прави за попрецизно и побрзо одредување на локацијата на мобилен телефон. Користејќи Wi-Fi и мобилни репетитори, iPhone-от ќе може да ја одреди локацијата за само неколку секунди.
„Причината што iPhone чува толку многу податоци [до година дена] е грешка која е откриена и која планираме да ја поправиме. Не мислиме дека на iPhone му потребни информации од повеќе од седум дена.“
Apple вели и дека е грешка што iPhone собира информации и откако ќе се ислучат локациските сервиси на телефонот.







