Vimeo објави официјална апликација за iPhone, има и едитор на видеа

0 коментари 1 мин. читање

Можете да разгледувате низ видеата, можете да ги симнете на вашиот телефон или пак да качите некое видео кое вие сте го снимиле со камерата на телефонот. Апликацијата има и опција за едитирање на видеата.

Секако, вклучени се и сите опции за споделување кои се достапни и на страницата. Имате опции за прилагодување на апликацијата на ваши потреби, како и некои новини кои можат да го направат гледањето видеа поинтересно.

Vimeo е малку поинтересен видео сервис од YouTube во смисла на изборот и квалитетот на видеата. Иако се работи за кориснички видеа сепак за разлика од YouTube каде можат да се најдат аметерски видеа за се и сешто, Vimeo не дозволува комерцијални видео, гејминг видеа или порнографија на својот сервис, туку само оригинални кориснички креирани видеа. На сервисот можат да се најдат навистина креативни и оригинални видеа, како и видеа снимани од професионалци.

Aпликацијата можете да ја симнете од iTunes..

Мени
Заедница
Изглед