Soundcloud сега има над 3 милиони корисници
Souncloud е лансиран во 2008-та година, достигнувајќи еден милион корисници 100 дена потоа, за сега да ја достигне и бројката од 3 милиони.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Souncloud е лансиран во 2008-та година, достигнувајќи еден милион корисници 100 дена потоа, за сега да ја достигне и бројката од 3 милиони.
Kokteli е .мк интернет страница посветена на коктелите. Можете да најдете се, од рецепти и чаши за пијалаци до алатки на барменот и барменска терминологија.
Фан страните на Facebook го добија новиот дизајн кој беше достапен за личните профили веќе некое време. Со новиот дизајн фан страните ги добија петте најнови слики под основните информации, што е можност за креативност, табовите се ставени лево, поистакната е бројката на фановите, а од десно има повеќе место за рекламите... исто како и кај личниот профил.
Љубљанскиот Vox.io е единствениот регионален стартап и еден од трите победници на лондонскиот натпревар за стартапи Seedcamp. Vox.io е VoIP веб апликација за телефонски и видео повици преку интернет, директно од прелистувачот. Со Vox.io не симнувате софтвер како што е пример со Skype туку се логирате веднаш од прелистувачот.
Во неговата суштина, Roboearth е World Wide Web за роботи: огромна мрежа и база на податоци како роботите можат да споделуваат информации и да учат еден од друг за нивното однесување и нивната околина. Носејќи ново значење на фразата „искуството е најдобриот учител", целта на RoboEarth е да им дозволи на роботските системи да имаат корист од искуството на другите роботи, поплочувајќи го патот за брз напредок во спознавањето на машините и однесувањето, и на крај, по субтилна и софстицирана комунукација помеѓу луѓето и машините, пишува на официјалната интернет страница.
Layers е нова веб апликација за Chrome која ви ги персонализира и листа најновите информации од Facebook и Twitter, како и од RSS каналите на други веб сајтови. Layers e налик на агрегатор или RSS читач, но стилизирана и елегантна апликација.
HackerBuddy е едноставна апликација која има пријателски намери. HackerBuddy е сосема нова апликација која работи на принципот на „спарување" на двајца програмери/хакери кои можат да си помогнат еден на друг.
Eлектронскиот дневник е бесплатен сервис, проект кој треба да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, да овозможи едноставен увид на родителите во училишните дневници и оценките на нивните деца, вели Министерството за образование.
Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери веќе подолго време ги привлекува големите компании со својот можен потенцијал, популарност и стотина милиони корисници. Сега се појавуваат информации дека Twitter е во „рани разговори со потенцијалните купувачи“, меѓу кои и Facebook и Google.
Flash Player 10.2 за Windows, Mac, и Linux ни носи едно поинакво и подобрено искуство кога се работи за веб видеата. Оваа верзија ни носи целосно хардверски забрзан видео pipeline, кој се нарекува Stage video, a кој ќе ни овозможи да гледаме најдобри видеа според различните платформи и прелистувачи.
My6Sense си доби своја екстензија за Google Chrome, која има цел да ни ја донесе „дигиталната интуиција" за да утврдиме кои твитови од постојанот тек на информации се релевантни за нашите интереси. „Моето шесто сетило“ претходно беше достапно за Android и iOS.
Google објави Google translate апликација за iPhone кој си има неколку новини за разлика од HTML5 верзијата на Google Translate сајтот кој беше користен до сега од iPhone корисниците.
Со свој стап по грб? Најверојатно оваа ироничната поговорка може да го објасни случајот на основачот на Facebook, Марк Закерберг кој побара судска заштита од Facebook 31 годишен манијак Прадип Мануконда кој го следел и праќал налудничави пораки кон Закерберг, неговата сестра и неговата девојка пишувајќи дека „навистина ми треба вашата помош... моја драга сестро“, пишува веб сајтот TMZ.
МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.
ReadWriteWeb го најавија софтверот кој за првпат ќе биде презентиран во живо на Mobile World Congress во Барселона следната недела, а ќе овозможува Android апликации да работат на не-Android телефони. Компанијата за мобилна технологија која го овозможува овој софтвер се вика Myriad, а софтверот се нарекува Alien Dalvik.
TEDxSkopje објави 4 видеа од конференцијата, сигурно набрзо ќе бидат објавени и останатите осум. Можеби почекавме за видеата, но бидејќи е прв локален TEDx настан воден од волонтери сепак нема забелешки.
Со растот на популарноста на разновидните мобилни платформи, тие стануваат мета на малициозните закани, вели McAfee во својот извештај McAfee Q4 кој ги сумаризира заканите кои не демнеа во 2010 година. Овој извештај се однесува на четвртата четвртина на 2010, но прави осврт и на целата ланска година.
Bing зема дел од колачот на Google, се пребарува за 6.5% повеќе. Ова се резултати на најновото истражување на компанија за веб аналитика, Experian Hitwise. Според овие бројки, Bing прави нешто што чини. Можеби обвинувањата на Google се точни, и Bing навистина копираат од Google.
Американската Централната разузнавачка агенција (CIA) додаде друштвени елементи на својот веб сајт, додавајќи линк до својот YouTube канал, односно линк до новиот профил на сервисот за споделување фотографии Flickr, претстави верзија за деца со видео турнеја низ својот штаб.
<Надополнето:> Time.mk за кратко време од објавувањето ја тргна сината и црвена верзија поради незадоволство на корисниците. Дискусијата за црвен и син пристрасен Time.mk можете да ја прочитате во коментарите подолу, каде има доста интересни коментар што го критикуваат Time.mk бидејќи „етикетира“, но и коментари кои се сложуваат дека македонските медиуми се пристрасни.