0 коментари 2 мин. читање 9 февруари, 2011

CIA и МВР станаа подруштвени

„Идејата зад овие подобрувања е да споделиме повеќе информации за Агенцијата, да бидат подостапни за луѓето и полесно пристапни.“, вели директорот на CIA, Леон Панета.

CIA најверојатно го следи примерот на вселенската агенција NASA која одлично ги користи друштвените мрежи, посебно Twitter, за да сподели информации, да едуцира и да се поврзе со корисниците. Но, како и со NASA, не очекувајте CIA да сподели доверливи информации. Друштвената комуникација е повеќе како маркетинг обид да се информира за јавните активности.

Интересно, и македонското Министерство за внатрешни работи стана подруштвен. Од љубопитност да ги споредам CIA со МВР, приметив дека на својата почетна страница МВР има истакнато мини-банер кој води до нивниот YouTube канал, кој е од поодамна и има доста видеа. Инаку, Управата за безбедност и контраразузнавање, македонскиот еквивалент на CIA, нема свој сајт, туку е содржана во сајтот на МВР.

Иако користат друштвени мрежи за споделување видео и фотографии, сепак ни CIA ни МВР немаат своја Facebook фан страна, ниту Twitter профил. Всушност, МВР имаше и непромислен и неуспешен обид да се приклучи на популарната мрежа.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top