Една од новините во апликација e можност се внесат податоци за преведување со говор, со зборување во апликацијата, покрај стандардното впишување на зборовите. Засега апликацијата е лимитирана на 15 јазици на кои можете да внесете податоци преку зборување, но кои може потоа да ги преведе на 57 јазици. Исто така, можете и да слушнете превод на 23 јазици.
Македонскиот јазик засега е само вклучен во листата каде може да внесете податоци со впишување, и не можете да слушнете превод на македонски, но може да ви се појави испишан.
Сите знаеме колку лингвистите се скептични кога се работи за Google Translate, а уште повеќе се бунат за резултатите кои се појавуваат кога се зборува директно во апликацијата. Затоа, бидете спремни за помалку од совршени резултати.
Апликацијата има исто така и опција за да се покаже резултатот на целиот екран, овозможувајќи ви полесно да комуницирате со соговорник. Има и можност да добиете фонетски испишани на латиница зборови од не-латиничните азбуки, за да знаете како да ги прочитате. Како плус, имате објаснување од речник за некои зборови, и доста важно – историјата на вашите преводи се чува, можете да пристапите до неа и кога не сте онлајн.
Се на се, одлична и корисна апликација. Апликацијата е бесплатна, и можете да ја симнете тука.

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.