Според податоците од истражувањето (кое е направено за корисниците во САД), на Bing му припаѓаат 27.44% од сите пребарувања во месец Јануари, од кои Yahoo 14.62 a Bing 12.81% (Yahoo му припаѓа на Bing уште од август минатата година). Google на своја страна има 67.95% , што е 2% помалку од минатиот месец.
Bing и Yahoo исто така ја имаат и највисоката стапка на успешност во Јануари, 81.54% и 81.38% соодветно. Стапката на успешност на Google e 65,58%. Ова според Experian Hitwise е одличен начин и двата пребарувачи да ја увидат стапката со која корисниците добиваат релевантни резултати на своите пребарувања.
Ова се статистики од САД, додека на глобално ниво Google има огромен доминантен удел, во некои држави дури и над 90%, пример во Македонија. Но ИТ светот е динамичен и променлив свет кој се води по трендовите. А САД е извор на поголем дел од тие трендови.
[…] This post was mentioned on Twitter by itcommk, bauerfilip. bauerfilip said: RT @itcommk: Копирањето некогаш се исплати: Bing му се приближува на Google http://bit.ly/i4aFw9 […]