Но, најголемата новина за фан страните е можноста администраторите да се логираат на Facebook како страната, или како една од неколкуте.
Со логирање како страна ги добивате истите функции како и кај личниот профил. Наместо администраторите да ги проверуваат страниците нон-стоп во потрага по активност, сега има нотификации, кои можат да се наместат да пристигнуваат и на мејл. Има и информација за сите нови фанови како и листа на фановите.
Една од поинтересните работи е што сега страницата си добива свој стрим на вести од други страници кои ги следи, односно страна може да Like друга страна. Единствено што недостасува да биде како личен профил е можноста да се прати мејл како фан страна, но најверојатно тоа е нешто што ќе следи.
Facebook претстави и нов Everyone филтер за подредување на оставените постови од фановите на страната според релевантност. Наместо хронолошки, постовите од фановите се редат по релевантност. Ако страната е пријател со тој што коментира, тогаш тој коментар ќе биде меѓу првите. Алгоритмот ги одредува коментарите според постојаност на фановите, според бројот на лајкови и коментари и според јазикот и земјата.
Еве ги новините на кратко, чекор по чекор:












zasto ne ide zuluu :)
Полесно ќе беше на профилите само Insights да додадат :)))))
nemozi da se customize kako profilot probav :) davaj nekoja druga aplikacija ako ima ?