1 коментар 1 мин. читање

Twitter e проценет на 10 милијарди долари од потенцијалните купувачи

Според изворите на Wall Street Journal, разговорите не напреднале, но споменатата сума е „неверојатна“. Twitter во тие „рани“ разговори е проценет на неверојатни 10 милијарди долари, што е солидна сума ако се земе в предвид дека пред само година дена Twitter беше проценет на 3.9 милијарди.

Twitter како приватна компанијата не е обврзана да ги објави приходите, но извори блиски до компанијата велат дека во 2010-та компанијата имала приходи од 45 милиони долари, и се очекува тие оваа година да достигнат до 110 милиони долари со искористување на новите сервиси за рекламирање кои микро-сервисот ги претстави минатата година.

Споредено со вредносната проценка, приходите се мали, но Twitter, компанија стара само 5 години, во неколку наврати покажа неверојатен потенцијал во смисла на брзо информирање, споделување информации за трендови во реално време и посебно брзо информирање во ситуации како протестите во Иран, Тунис, Египет.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top