Освен тоа што ги листа постовите Layers веднаш, со еден клик, ги отвара и сите споделени линкови, видеа и слики, без да ги напуштите Twitter и Facebook текот на информации кој се наоѓа веднаш под отворниот линк.
Бидејќи Layers е синхронизирана со вашиот Facebook и Twitter профил ќе може да праќате и нови статуси/твитови директно од апликацијата. Интересно, со Layers освен што може да коментирате и лајкувате Facebook постови, ќе може да ги прегледате и коментарите оставени на Facebook пост.
Layers е моментално достапна само за Chrome, но се подготвуваат верзии за Firefox, Opera и Safari.
Некако без врска, можеби добро за твитер, но за фејсбук некако… многу мал простор да ги видиш новите статуси од пријатели, а и огранучен е бројот. ака да од мене еден –