ENTiTY победници на qWCG, патуваат во Јужна Кореја
<Надополнето со изјава од ENTiTY:> За Јован Каланоски - Kalan, капитенот на ENTiTY, организацијата на овогодишниве qWCG беше со „светски рамки, со финале на бина“.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
<Надополнето со изјава од ENTiTY:> За Јован Каланоски - Kalan, капитенот на ENTiTY, организацијата на овогодишниве qWCG беше со „светски рамки, со финале на бина“.
<Надополнето со изјава од организаторот:> Подолу е изјава од Лазар Поп Трајков, еден од организаторите , кој ни одговори на претходно пратениот имејл за првиот Лан Фест 2011. „Одзивот за предавањата беше реален т.е. некои се откажаа поради тоа што на луѓето не им се допаѓа таа тема или лошиот термин. Некои се одржаа со 10-20 луѓе, на некои имаше и по 130-140, така да не само што е реално туку и успешно за прв пат. Не разбирам зошто се гледа на неуспех на овој сегмент. Имаше странски презентери и експерти од познати брендови кои не секој ден можат да ги следат, како и локални експерти и презентери и сето тоа за 90 денари на ден или 300 за трите дена.“, вели Лазар додавајќи дека причитине за непосетеноста можеби е „скептичноста“ бидејќи е прв настан, можеби бидејќи саботата се учеше, заради изборите и партиското етикетирање и недоволен маркетинг од медиумите кои се занимаваа со политика.
Гласомер.мк е веб алатка за едукација и споредба на своето со политичкото мислење за парламентарните избори 2011-та.
Ситеогласи.мк е сервис кој ги собира сите огласи од разни веб .мк страни како Пазар3, Реклама5, Огласуваме и други, и ги презентира на едно место. Сервисот е агрегатор, налик на time.mk и daily.mk, само за огласи, не за вести.
i.Playboy.com e нов сајт дизајниран за iPad кој, преку претплата од 8 долари месечно, ќе овозможи пристап до сите објавени-во-последниве-57-години броеви на магазинот заедно си сите нецензурирани фотографии од девојки од сите изданија.
SpeakIT! е една од единаесте најдобри екстензии за Chrome прелистувачот, вели популарниот американски блог Huffington Post. SpeakiT! e изработена од SkechBoy a.к.а. Трајче Петров, кој е и еден од креаторите на онлајн играта Mafia.mk.
LinkedIn излезе на берзата започнувајќи го јавното надавање со 45 долари по акција, a искачувајќи се до 112 долари по акција што е 150 отсто повеќе што значи дека компанијата достигна вредност од неверојатни 10 милијарди долари. LinkedIn, основан пред осум години, е најголемото јавно надавање на интернет компанија по Google.
За само четири години по објавувањето на Kindle читачот за е-книги, Amazon сподели дека електронските книги се продаваат повеќе од печатените и дека Kindle читачот со намалена цена na 114 долари се продава повеќе од сите други верзии.
По успехот на ланскитe „идеи вредни за споделување“, сега се спрема и втор локален TEDx настан.
Twitter ќе внесе мала промена при дозволување на третите, надворешни апликации да ги користат податоците на корисниците, односно ќе се појави подетален екран за дозволи кој ќе информира кои апликации користат кои информации од сервисот. Како на Facebook.
<Надополнето:> Sony за многу брзо време го среди пропустот што се случуваше при промена на лозинките, каде кракерите ги користеа претходно украдените имјелови и датуми на раѓање да ги украдат и новите лозинка. Сајтот сега е вратен онлајн.
Нов закон во Хрватска од први септември 2011-та ќе и дозволи на полицијата да го прислушува кого сака, да следи интернет сообраќај на корисниците, како и да поставува камери и микрофони по домовите на хрватските граѓани, пишува Vecernji.hr.
Според извештајот TIGA, трговска асоцијација која ги застапува британските производители на видео игри, постои оптимизам меѓу 104-те анкетирани инди дизајнери за зголемување на бројот на вработени во гејминг студијата, иако тоа ќе значи и зголемување на трошоците без сигурност дека ќе има покачување на цените на игрите.
Foot Locker вчера го лансираше најновиот онлајн проект, Sneakerpedia, социјална платформа која има за цел да нуди детални информации за сите модели на патики. Sneakerpedia е сајт кој функционира на сличен принцип како и Wikipedia, со таа разлика што овој сајт е наменет за сите љубители и колекционери на патики, на кои им овозвоможува да го споделуваат своето искуство и знаење за нивните омилени патики.
Популарниот сервис за складирање и синхронизирање во облакот, Dropbox, објави блог пост во кој ги промени „Условите за користење“ за да бидат појасни за корисниците, откако беше обвинет од американската Федерална комисија за заштита на корисници (FTC), која вели дека Dropbox не обезбедува доволно информации за безбедноста на облакот, односно за колку се безбедни корисничките податоци кои се закачуваат на одалечен сервер, а до кои корисникот има пристап само преку веб сервисот.
Минатата недела на конференцијата Google IO беше претставен нов музички експеримент кој ги користи можностите што ги нуди Chrome. Станува збор за интерактивниот проект 3 Dreams of Black, кој е базиран на песната Black од инди групата Danger Mouse. Со овој проект можностите на Google Chrome се многу повеќе истакнати, и се разбира далеку поимпресивни. 3 Dreams of Black ги користи предностите кои ги нуди WebGL, JavaScript библиотека која овозможува прикажување на 3D графики во веб пребарувачот без да се користат плагини. WebGL ја користи графичката картичка на вашиот компјутер за прикажување на моделите.
Скоро сите, 99 отсто од Android телефоните пропуштаат податоци преку кои можат да се извлечат личните кориснички информации, откриваат германски безбедносни експерти кои истражувале како Android собираат приватни информации.
Од стартувањето во 2003-та Skype промени три сопственика, првин беше купен од eBay во 2005 година, за во 2007-ма eBay да каже дека го „прецениле“ Skype и да го предаде на Silver Lake инвеститорска група за во 2011-та да < се продаде на Microsoft за неверојатни a href="http://it.com.mk/24/microsoft-go-kupuva-skype-za-8-milijardi-dolari/" target="_Blank">8.5 милијарди долари.
@LadyGaga прва успеа да на својот профил да собере Twitter публика од над 10 милиони корисници. Екстравагантната пеачка со овој потег уште еднаш докажа дека одлично владее со друштвените мрежи, па така покрај 34 милиони Facebook фанови, 470.000 YouTube пријатели, од вчера може да се пофали со импресивната десетка на Twitter.
Bing, интернет пребарувачот на Microsoft, го додаде Facebook Like копчето покрај своите резултати. Ова е директен одговор на новата Google +1 опција за споделување, со која Google всушност требаше да започне да ги користи своите друштвени „слоеви“ и да стане конкурент на Facebook. Но, сега не само што треба да се грижи за друштвенот Facebook туку и за пребарувачот Bing кој сега стана многу поинтересен за користење. Секако, Google се уште е супериорен на пазарот на пребарување, во Македонија над 95% од корисниците го користат, па можеби и не е толку лошо да има посериозна конкуренција.