„Нормално, тука е и фактот ‘толку ни е силата’ затоа што никој не стои позади нас и целиот проект е финансиран од наш џеб и фирмите кои изложуваа. Сепак верувам и многу други веруваат во идеата и секако дека ќе има Лан Фест конференција и наредната година за чија организација почнуваме веќе од наредниот месец зад која ќе застанат повеќе локални и странски организации. Знаеме кај ни се грешките и кадровски, организаторски и маркетишнки.“
</надополнето:>
Од неодржани предавања и неинтересни штандови, до програмерски натпревари, забавни дискусии и WCG квалификации… на Лан Фест 2011-та имаше по нешто да се види и чуе. Конференцијата, во моментов, е најголемиот ИТ настан во .Мк, но, дали поради лошо одбрано место, дали поради лош маркетинг, или немање што да се види по штандовите, арената Борис Трајковски изгледаше полу-празна за сите три дена.
Најавениот ЛАН фестивал од 500 поврзани компјутери всушност беше само неколку десетици поврзани компјутери бидејќи не секој посетител беше информиран и заинтересиран да си донесе свој компјутер, а и не сите карти дозволуваа пристап до тој дел.
Што велат твитерџиите за #lanfest?
Лан Фест 2011 беше составен од тридневна програма со штандови, предавања, гејминг натпреварите и лан фестивал. Но во огромната сала единственото што привлекуваше беше World Cyber Games кфалификациите. Тие всушност беа центар на вниманието на, во најмала рака, 300 гејмери од 60 тима кои се натпреваруваа во Counter-Strike. Имаше и неколку други натпреварување, како натпревар во програмирање и други игри, но впечатокот беше – тргнете ги WCG квалификациите и гејмерите и ќе нема Лан Фест.
Имаше околу 10-тина штандови од спонзорите, но никој не се истакнуваше со нешто посебно. Можеби најактивен беше новиот факултет ФИНКИ бидејќи имаше еден куп студенти препознатливи по бинарните маици. Тие 1/0 маици можеа да се сретнат и на предавањата, каде студентите од ФИНКИ и посетители кои добија таква маица, беа најчестите и најпрепознатливите слушатели на презентациите.
Препознатливите бинарни маици на ФИНКИ се појавуваа насекаде.
Предавањата се доста интересен проблем кој треба да се разгледа подобро. Ако има слушатели тогаш ќе има и предавања и дискусии, но, на Лан Фест недостасуваше публика на поголем дел од прeзентациите. Пример, во петокот, првиот ден од Лан Фест, број на предавањата беа откажани бидејќи немаше на кому да се презентира. Зошто толку мал одзив на голем ИТ фестивал? Слабата посетеност на предавањата сигурно не е поради изборот на темите бидејќи листата беше интересна.
Дали публиката немаше што да прави меѓу предавањата кои траеја еден час, дали не беа информирани како што треба, каде што и кој предава, а можеби се и незаинтересирани, тоа се прашањата на кои ќе мора да се одговори доколку се планира продолжување на Лан Фест.

Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.