17 коментари 1 мин. читање

Дознајте која политичка партија ви одговора со Гласомер.мк

„Резултат на користење на Гласомер.мк е подигање на нивото на знаење на граѓаните, како и проширување на можностите партиите преку интеракција со граѓанскиот сектор и јавноста да го подигнат нивото на транспарентност и отчетност кон народот“, вели Елена Игнатова од фондацијата Метаморфозис.

Во моментов недостасуваат неколку партии меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од поголемите партии, иако наскоро би требало да бидат додадени.

„Иако прашалникот им беше испратен на сите политички партии по пошта, факс и имејл, од дел не добивме одговор. Доколку поитичките партии ни го достават одговорен прашалникот тие ќе бидат внесени во апликацијата.“

Апликацијата е интересна бидејќи ве конфротира, не често ќе ви даде несакан резултат, односно ќе испадне дека е согласувате со партија која не ја симпатизирате. Тоа дефинитивно ќе ве натера да размислите што знаете вие всушност за „вашата“ партија, односно алатката ќе ве едуцира за политичката агенда на секоја партија. На крај од тестот имате можност да ги споредите одговорите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

17 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top