5 коментари 1 мин. читање

Надополнето: Sony го поправи проблемот со лозинките

Овојпат Sony реагираше брзо за разлика од првото пробивање на системот, за кој му требаа дури недела дена прво да го пријави пробивањето на лични информации на десетина милиони корисници, и околу три недели да го среди проблемот и да ја врати PlayStation мрежата онлајн.

</надоплнување:>

Само два дена откако нагласија дека „поправената“ PlayStation Network се рестартува со нови безбедносни подобрувања, се случи уште едно пробивање на гејминг платформата, пишува Nyleveia велејќи дека и самите ја пробале ранливоста откако го дознале методот.

Се претпоставува дека новото пробивање е од истата група на хакери која го хакна системот на 18-ти април. Сега хакерите го користат корисничкиот PSN имејл и датум на раѓање, податоци кои беа украдени претходно, за да го пробијат PSN системoт за ресетирање на лозинките, и да ги украдат новите лозинки. Sony побара од сите корисници да си ги сменат лозинките кога пред два дена го најави враќањето на PlayStation Network.

Моментално страната за промена на лозинката е изгасена. Има порака од Sony дека не се знае колку ќе треба да се поправи проблемот. Претходно, по првичниот хак на Sony му требаа три недели за да ја врати платформата онлајн.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top