0 коментари 1 мин. читање

Предложете говорник за TEDxSkopje 2011!

„Организаторите на минатогодишниот TEDxSkopje ги консолидираа своите амбициозни тимови и започнаа со активности во потрага по нови, свежи, харизматични и уникатни говорници.“, велат од TEDxSkopje кој е независен настан организиран според лиценцата и правилата на познатата TED конференција.

„Мисијата на TEDxSkopje и понатаму останува истата – создавање на контекст за инспирирација и споделување идеи. Со цел остварување на нашата мисија, и оваа година ни е потребна вашата помош. Затоа, ве покануваме да ни помогнете во изборот на најдобрите идеи, говорници и презентации за TEDxSkopje 2011.“

Доколку имате интересна идеја за говорник за TEDxSkopje тогаш споделете ја! Во меѓувреме можете да ги погледнете ланските видеа од TExSkopje 2010-та кои се закачени на нивниот сајт.

(via @Ikareva)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top