Twitter го доби првиот корисник со над 10 милиони следбеници
@LadyGaga прва успеа да на својот профил да собере Twitter публика од над 10 милиони корисници. Екстравагантната пеачка со овој потег уште еднаш докажа дека одлично владее со друштвените мрежи, па така покрај 34 милиони Facebook фанови, 470.000 YouTube пријатели, од вчера може да се пофали со импресивната десетка на Twitter.