Bing и Facebook го ставија Google во тесно

во Веб

„Истражувањата ни кажуваат дека 90% од луѓето бараат совет од фамилијата и пријателите како дел од донесување одлука. Овој ‘Пријателски ефект’ е очигледен во многу одлуки и често ги натежува другите факти бидејќи луѓето се поуверени, попаметни и посигурни со мудроста на нивниот близок круг.“, вели Microsoft.

Освен што ќе може да се споделат добрите резултати од пребарувањето на Facebook, и тоа значи и поперсонализирано пребарување бидејќи Bing ќе ги истакне како први резултатите со „лајковите“ од пријателите, една од поинтересните работи во оваа соработка е што ќе може да се споделуваат продукти, и тоа неколку одеднаш, што е со огромна комерцијална вредност за Bing.

Bing ќе ги користи и информациите од Facebook профил, како на пример локацијата, така кога ќе пребарувате место и ќе ви се појави мапа, ќе добиете и информација кои од вашите Facebook пријатели живеат таму или блиску до тоа место, што е навистина кул опција.

<br /><a href="http://video.msn.com/?mkt=en-us&#038;vid=243216f7-9941-4f48-a2d0-2065e06a47b5&#038;src=SLPl:embed::uuids&#038;fg=sharenoembed" target="_new"title="Facebook Friends Now Fueling Faster Decisions on Bing">Video: Facebook Friends Now Fueling Faster Decisions on Bing</a>

Доколку не го сакате Facebook искуството на Bing, постои опцијата истото да се изгаси.

<br /><a href="http://video.msn.com/?mkt=en-us&#038;vid=d4847c17-86be-449f-89da-bc5ad973d7ce&#038;src=SLPl:embed::uuids&#038;fg=sharenoembed" target="_new"title="Bing Puts User Control at the Center of Search Experience">Video: Bing Puts User Control at the Center of Search Experience</a>

Добивај известувања
Извести ме за
guest
8 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
GoodBytes
GoodBytes
11 years ago

Значи во скоро време ќе почне бран на Like-спамирање. Некои тоа ќе го нарекуваат SEO-метод.

Nemorosus Mens
Nemorosus Mens
11 years ago

Голема работа… На кој му треба лајк копче на резултати од пребарување? Не мислам да трошам време на пребарувањето повеќе… Ми треба да најдам нешто, а во тоа се подобри Google.

Ace
Ace
11 years ago
Reply to  Nemorosus Mens

Вака размислуваме јас, ти, и уште неколку други како нас. 90% од корисниците се всушност "обични смртници", ако така можам да ги наречам, во светот на пребарувањето. Мислам дека ми ја сфаќаш поентата.

@pipelinmkd
11 years ago

Насловот е epic! “Bing и Facebook го ставија Google во тесно“ тесно :)

nenad
nenad
11 years ago

незз само кој паметен пребарува на бинг ???!!

Стандарден Јазик
Стандарден Јазик
11 years ago
Reply to  nenad

попаметните од тебе!

Ace
Ace
11 years ago
Reply to  nenad

Не е за потценување, дури имаше негде студија која покажува дека БИНГ дава попрецизни резултати при пребарувањето. Не е ништо чудно, компании се раѓаат и умираат. Кој би рекол дека Јаху, МајСпејс, итн. ќе пропаднат?

Јоцо
Јоцо
11 years ago

BING = Because It's Not Google

ит кариера

Концептива

2D Game developer – Unity

Matrix IT Global Services Macedonia

Backend Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk