Sneakerpedia овозможува споделување на слики и детални информации, како што се модел, тип, материјал, година на производство и боја. Корисниците исто така може да коментираат, да споделуваат лични искуства, како и да комуницираат меѓу себе.
Foot Locker, еден од најголемите препродавачи на патики во светот, со овој проект ќе успее на едно место да ги собере сите љубители и колекционери на патики, и со тоа да го зголеми својот кредибилитет. Интересно е и тоа што присуството на Foot Locker на овој сајт е скоро и незабележливо. Sneakerpedia нема да служи за препродавање на патики, ниту пак за прикажување на модели кои треба допрва да излезат.
Sneakerpedia Trailer HD from Blac Ionica on Vimeo.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.