Полицијата ќе може да ги следи компјутерите и да собира податоци за корисниците доколку има сомнеж за детска порнографија, но и за пиратерија т.е. нелегално симнување содржина и прекржување авторски права. Иако, според хрватската полиција, тие не можат да следат луѓе кои користат нелегална пиратерија за сопствена употреба и без налог.
Во Хрватска 23.3% отсто од криминалните дела во 2010-та година биле поврзани со компјутерски криминал и повреда на интелектуалната сопственост, односно извршени се 1.453 дела што е пораст за 79% од 2009-та година.
„Законот и дозволува на полицијата тајно да собира податоци дури и ако има сомнеж за нелегално користење на авторски дела или уметнички дела. Поедноставно, ова значи дека полицијата може да побара судски налог за прислушување, пресретнување, собирање и снимање на компјурески податоци или тајно влегување во стан заради снимање дури и ако се има само сомнеж дека некој слуша музика која ја симнат нелегално преку Интернет.“, објаснува судскиот вештак Ѓ. Лубура додавајќи дека тоа може да резултира во злоупотреба на правото.
Неодамна и во Македонија имаше обид да се промени Законот за електронски комуникации да се дозволи на полицијата да прислушува без судски налог. Тие промени беа одбиени од Уставниот суд.
И во двете држави, иако промените на законите се однесуваат на различни нешта, полицијата се обидува да превземе контрола на користењето на Интернетот на еден или друг начин. Иако се работи за криминални дела според законите, сепак со електронската комуникација може да се даде преголема слобода на полицијата да собира лични податоци, за истраги или за злоупотреба на моќта.
[…] Извор: http://www.it.com.mk/hrvatskata-policija-kje-mozhe-da-shpionira-bez-nalog/#ixzz1MjH4OpTd […]