Некој од заклучоците на анкетата се:
- Најголем број од анкетираните испитаници 59% очекуваат зголемување на бројот на вработени, 35% не предвидуваат ни намалување ни зголемување на бројот на вработени и 6% изјавиле дека се принудени да го намалат бројот на вработени. Резултатите на анкетата се добредојдени со оглед на тоа дека од почетокот на економската криза бројот на вработени во секторот е намален за 9%. Податокот е малку зачудувачки со оглед на тоа дека анкетата доаѓа во година во која се затворени повеќе големи студија во Белика Британија – Realtime Worlds, The Code Monkeys и Bizzare Creations.
- 54% од анкетираните се поголеми оптимисти за перспективите од пред шест месеци, 15% се песимисти и останатите 30% не очекуваат промени.
- На голема радост на гејмерите 71% од анкетираните не очекуваат пораст на цените на игрите во следните шест месеци ,13% очекуваат пораст на цените и 14% очекуваат пад на цените.
Остатокот од анкетата можете да го погледнете на страната на TIGA.
Подобри денови за британските студија : Codemasters Dirt3
Оптимизмот на компаниите можеби се темели на најавата дека во 2014 година маркетот за видео игри ќе порасне до 86.8 милијарди долари. Дефинитивно ќе помогне и иницијативата на TIGA за олеснување на данокот за производителите на видео игри. Иницијативата се однесува на враќање на данок на дизајнерите на видео игри и тоа: 20% за буџет поголем од 6.000.000 британски фунти, 25% за буџети од 3.000.000-6.000.000 £ и 30% за буџети од 100.000-3.000.000 фунти.
Причина за ова барање на TIGA е намалување на конкурентноста на дизајнерите од Британија, кога се натпреваруваат со компаниите од Канада, Франција и Јужна Кореа кои се подржани од владите на овие држави. Но не помалку валидна е и причина за подршка за дизајнерите и издавачите бидејќи производството на игри е скоро целосно ориентирано на извоз.
Како придобивка од олеснувањето на данокот на компаниите во следните пет години, се очекува зголемување на работни места во Британија за 9.519 од кои 3.366 во индустријата за видео игри во следните пет години, 431.000.000£ ивестиции во развој, 394.000.000£ даноци, во замена за 194.000.000£ даночни олеснувања. Според овие пресметки даночните олеснувања би се исплатиле во следните пет години како и би овозможиле опстоив развој на студијата.








