Chrome со нов аудио-визуелен WеbGL експеримент

За да го отворите видеото можеби ќе треба малку да почекате, но вреди бидејќи 3 Dreams of Black е неверојатно аудио-визуелно искуство каде 2D цртежите и анимациите се испреплетуваат со интерактивни 3D секвенци кои можете да ги контролирате со глувчето.

Сајтот Ro.me исто така содржи и алатки со кои самите можете да си создадете 3D модели, а бидејќи овој проект е слободен софтвер, на сајтот можат да се најдат и неколку WebGL примери како и кодовите за целиот проект.

Минатата година, Google ги демонстрираше можностите на Chrome и HTML5 со краткиот интерактивен видео спот The Wilderness Downtown, кој беше инспириран од песната на Arcade Fire, We Used To Wait. Слична употреба на Chrome и HTML5 има и во интерактивниот видео спот на јапонската група Sour, за нивната песна Mirror, како и во проектот Anatomy of a Mashup на австралискиот дизајнер Камерон Адамс.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments