Вести

3.564 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Office 2013 ќе се користи со допир, има интегрирани SkyDrive, Skype и Yammer

Microsoft го претстави најновиот Office 2013 кој е оптимизиран да се користи со допир и графичко пенкало. Целта е секако овој пакет за уредување документи да биде достапен за таблет компјутерите. Office 2013 ќе ги снима документите на SkyDrive, веб складиштето на Microsoft, за да бидат достапни од било каде. Друга голема новина е што […]

0 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Поранешната директорка на Google, Мариса Маер, сега ќе го води Yahoo!

Yahoo официјално ја најави Мариса Маер како своја нова извршна директорка. Г-ѓа. Маер ќе треба да го „оживее“ фокусот на иновации и да ги зголеми приходите на компанијата која веќе некое време се мачи да ја постави стратегијата – дали се медиумска компанија која дистрибуира содржина или се интернет пребарувач кој нуди и други сервиси […]

2 коментари Прочитај 17 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Џабе го блокираа Pirate Bay, P2P сообраќајот не се намали

Холандија и Британија веќе два месеци го блокираат пиратскиот сајт, но во реалност се забележа пад во сообраќајот кон сајтот само во првата недела дена по блокирањето, велат провајдерите. По првата недела P2P сообраќајот се вратил на своето вообичаено ниво. Според холандските и британските интернет провајдери на кои им е наредено да го блокираат сајтот, […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Anonymous стартува свој Wikileaks

Хактивистите Anonymous го стартуваат сајтот Par:AnoIA (Potentially Alarming Research: Anonymous Intelligence Agency), кој налик на Wikileaks, ќе служи за да се објавуваат доверливи документи. За разлика од досегашната пракса на Anonymous да објавуваат .zip торенти за симнување, овој сајт е наменет за поспецифична публика. „Причината зошто никому не му е гајле за овие документи, како […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

ИТ настан: Отворен е конкурсот за Мобил Фестивал 2012

Од денес, 16 јули, е отворен конкурсот за третиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефони, Мобиле Фестивал 2012. Конкурсот трае до 7 ноември, а ден подоцна ќе започне и фестивалот во Скопје под мотото „Секој може“. На фестивалот може да се пријават сите филмови снимени со мобилен телефон. Покрај престижните награди во домашна […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Свет

Чарли Шин го избриша својот Twitter профил

Чарли Шин или „Ворлок“, се реши да му каже збогум на Тwitter. Актерот кој со своите луди изјави за неговиот живот со кокаинот ги привлече вниманието на 7,7 милиони следбеници, го затвори својот профил без некакво објаснување, само со само куса порака: „Reach for the stars everyone. dogspeed cadre. c out (sic)“. Чарли Шин е […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

Apple се врати меѓу „зелените“

Откако побараа сите 39 производи да се отстранат од „зелената“ листа, Apple официјално ja призна својата грешка во писмо наменето до сите корисници и критичари, во кое истакна дека цело време работат на еколошки производи и дека се една од водечките компании кога се работи за отстранување на токсични материи и пластика. Сето ова доаѓа […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

PlayStation 3 ќе има 16, 250 и 500 GB хард диск?

На страната на Anatel (Бразилската Агенција за Телекомуникации) се постирани слики на нов модел на PlayStation 3, прв забележа бразилскиот портал Тechnoblog. Во документот испратен до агенцијата се бара одобрување на три модели кои се различни пединствено по големината на дискот. Ќе има верзии со 16, 250 и 500 GB дискови, и покрај новиот дизајн […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи

LinkedIn продолжува со редизајнот, го претстави новиот LinkedIn Today

Пред скоро време пишувавме дека LinkedIn подготвува нов дизајн, a сега компанијата го објави редизајнираниот LinkedIn Today. Ова е дел од сајтот преку кој сега ќе понудат подобар преглед на новостите за своите корисници. Една од поголемите новини е можноста корисниците директно да коментираат и споделуваат содржини во својата мрежа. „Овие можности, заедно со веќе […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Интервјуа

GiveBrand.to е стартап од тим македонски програмери кој ќе го олесни вработувањето

Решени да го олеснат наоѓањето на работа, тим македонски програмери го стартуваа GiveBrand.to, стартап преку кој корисниците ќе можат да соберат препораки од пријатели и колеги, и истите да ги презентираат на компаниите, кои пак, ќе можат да пребаруваат низ мрежата според вештините и да го најдат правиот кандидат. Проектот е стартуван од Бобан Јованоски и […]

2 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Мобилни Софтвер

Amazing Alex им се приклучи на лутите птици, достапен е за Android

Rovio, компанијата кој стои позади популарната Angry Birds, конечно ја објави Amazing Alex за Android. Покрај платената верзија која чини 0,99 долари, постои и бесплатна верзија, како и HD која може да се купи за 2,99 долари. Платената верзија се состои од 100 нивоа, додека HD едицијата нуди одлично графичко искуство на компјутерските таблети и […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Свет

Се повеќе луѓе купуваат Аndroid и iOS телефони, вели Nielsen

Дури 55 проценти од американските корисници на мобилна телефонија користат „паметни“ телефони. Две третини од луѓето кои купиле нов телефон се одлучиле за „паметен“ телефон. Оваа вест е објавена по анализата на Nielsen, која споделува и  други интересни податоци. Според истата анализа од целокупната продажба на паметни телефони, 51,4 отсто се Android телефони, 34 отсто […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Office 15 ќе се појави следната недела?

Microsoft ќе го претстави најновиот Office следната недела, јавува USAToday. Според најавата објавувањето на новиот Office пакет најверојатно ќе се случи веќе во понеделник. Тогаш најверојатно ќе биде објавено и името на софтверскиот пакет, а сега се шпекулира помеѓу Office 15 и Office 2013. Веста е сè уште непотврдена од Microsoft, а и изворот е анонимен. […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Украдени се лични податоци на 1 милион корисници на Android Forums

Повеќе од милион корисници на AndroidForums можe да имаат проблеми поради неодамнешното пробивање на веб страната. Хакерите стигнале до кориснички имиња, имејл адреси, енкриптирани лозинки, IP адреси, но и други помалку важни информации врзани со форумот. За среќа недостатокот кој го овозможил пробивањето на форумот е познат и сега веќе отстранет. Кодот на страната и базата […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи

Исправка: Сепак, Digg е продаден за 16 милиони долари

<Надополнето>Според информациите кои излегоа, Washington Post плати 12 милиони долари за целиот тим на Digg, додека LinkedIn одвои 4 милиони долари за 15 различни патенти на Digg, вклучувајќи го „кликни на копчето за да гласаш“. Додека пак, веќе споменатата сума oд 500.000 долари е за откупувањето на доменот, кодот и сите податоци со кои ќе […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Хак-атак/Приватност

Facebook го набљудува четот за криминални активности

Друштвените мрежи ги набљудуваат четовите на корисници и доколку најдат криминална активност и јавуваат на полицијата, се вели во извештај на Reuters. Секако се работи за набљудување во САД, но локацијата не треба да ограничува, посебно не на друштвените мрежи кои се далеку поподготвени за набљудување на корисничките активности отколку што мислевме. Reuters го отвара […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дали Русија ќе го цензурира интернетот? Воведува закон за блокирање на нелегални сајтови

Руската Дума го изгласа новиот закон кој ќе им дозволи на властите да блокираат сајтови без судски налог. Според законот, власите ќе можат да им наредат на провајдерите да блокираат IP на сајтови во рок од 72 часа, ако не ќе ги исклучат веднаш. Официјално, целта на црната листа на сајтови е да се справи […]

3 коментари Прочитај 12 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

NBA ѕвездата Вилијамс потпиша 100 мил. долари вреден договор на iPad

Дерон Вилијамс ѕвездата на екипата на Бруклин, потпиша договор вреден 98 милиони дoлари на iPad. Вилјамс најверојатно е првиот кошаркар кој својот потпис на мулти-милиoнски договор го изведе со прст, а првпат гледаме и волку висок договор да биде потпишан на електронски уред. Се разбира дека кошаркарот веднаш го објави ова и на Twitter. Officially […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Хакери објавија украдени податоци на над 400.000 профили на Yahoo, бараат подобра заштита

Хакерската група D33Ds Company објави украдени информации за 453.000 профили на Yahoo, пренесува Ars Technica. За податоците тврдат дека се од корисници на нeобјавен сервис на Yahoo. Во објавенaта листа се и имејл адреси од Hotmail, Yahoo, Gmail, Aol и многу други. Блогот за безбедност TrustedSec јавува дека најверојатно станува збор за Yahoo! Voices. Заклучокот го […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Совети Софтвер

ePub Reader e oдличен додаток за Firefox за читање на е-книги

Доколку редовно читате е-книги, сигурно имате потреба од некаков софтвер за читање, особено доколку се работи за ePub книги (.epub – бесплатен и слободен стандард за е-книги). За таа намена ви го претставуваме еPub Reader кој е одличен додаток за книгите да ги читате директно преку вашиот Firefox без потреба да инсталирате дополнителен софтвер. Со […]

2 коментари Прочитај 12 јули, 2012
Мени
Заедница
Изглед