0 коментари 1 мин. читање

NBA ѕвездата Вилијамс потпиша 100 мил. долари вреден договор на iPad

Дерон Вилијамс ѕвездата на екипата на Бруклин, потпиша договор вреден 98 милиони дoлари на iPad. Вилјамс најверојатно е првиот кошаркар кој својот потпис на мулти-милиoнски договор го изведе со прст, а првпат гледаме и волку висок договор да биде потпишан на електронски уред. Се разбира дека кошаркарот веднаш го објави ова и на Twitter.

Морам да признаам дека не ми текна ни на еден филм кој би предвидел ваков начин на склучување на волку висок договор. Иако далеку од револуционерен сепак потегот покажува пораст на довербата за дигиталниот потпис. Дали во иднина ќе видиме и меѓудржавни договори на iPad? Тешко дека е веројатно, сепак политичарите се поконзервативни и се држат до традицијата, иако некои веќе го прифатија трендот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top