Се повеќе луѓе купуваат Аndroid и iOS телефони, вели Nielsen

Дури 55 проценти од американските корисници на мобилна телефонија користат „паметни“ телефони. Две третини од луѓето кои купиле нов телефон се одлучиле за „паметен“ телефон. Оваа вест е објавена по анализата на Nielsen, која споделува и  други интересни податоци.

Според истата анализа од целокупната продажба на паметни телефони, 51,4 отсто се Android телефони, 34 отсто се iPhone и 8,1 отсто се Blackberry уреди. Најголем број од купените Аndroid телефони се произведни од Samsung кои се следени од HTC и Motorola. Сепак најзастапен прoизводител на американскиот пазар се Apple на кои им припаѓаат 34 отсто од корисниците.

Разочарувачки се неверојатно ниските бројки на Nokia кои се едвај видливи на листата. Секако, дел може да се објасни со тоа што потрошувачите ги чекаат Windows 8 телефоните кои и не се така далеку. Сепак од лидер на пазарот, до речиси незабележливи бројки, ако новиот Windows 8 телефон не е инстант хит тогаш станува речиси извесно дека Nokia ќе биде ново одделениe во Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments