GiveBrand.to е стартап од тим македонски програмери кој ќе го олесни вработувањето

Решени да го олеснат наоѓањето на работа, тим македонски програмери го стартуваа GiveBrand.to, стартап преку кој корисниците ќе можат да соберат препораки од пријатели и колеги, и истите да ги презентираат на компаниите, кои пак, ќе можат да пребаруваат низ мрежата според вештините и да го најдат правиот кандидат.

Проектот е стартуван од Бобан Јованоски и Рус Трпковски. Бобан  моментално живее во Хамбург бидејќи работи за Qype, најголемиот европски сајт за рецензии од корисници. Работи како програмер во веб тимот задолжен за изгледот и функционалноста на апликацијата. Вели дека „Qype e најголемата и најсложената апликација на која што сум работел и е голем предизвик за мене. Прекрасно е чувството кога знаеш дека апликацијата на која што работиш ја користат милиони корисници.“

Пред да оди во Хамбург работел како Ruby програмер во неколку компании во Македонија – Seavus, Euronetcom и Аспект каде го запознава Далибор Насевиќ, ко-основач на GiveBrand.to, а преку Macedonian Ruby Users Group и средбите во хаклабот КИКА, Бобан го запознава и Диме Пашоски. Инаку, Диме и Далибор се креаторите на Поправи.мк. Бобан преку други фриленс проекти го запознава Рус Трпковски од Мичиген, третиот ко-оснивач, а преку него ја запознава и Пејџ Ворти од Њу Јорк.

„Работев сам на развој на апликацијата во моето слободно време и викенди, додека Рус за тоа време работеше на research и подготвување на стратегиј. Но се губеше моментум во работата, па решивме да ангажираме и други програмери да ни помогнат во реализација на идеата. Го контактирав Далибор, кој за среќа имаше слободно време да ни помогне, па продолживме заедно со работа и за неколку недели ја имавме почетната верзија. Потоа ни се приклучија Диме, кој ни помогна и реши голем број од UX проблемите со кои што се справувавме и Пејџ, пријателка на Рус, која е една од ретките луѓе што ги познавам што знаат да играат со зборови и да бидат инстантно креативни.

Комунициравме многу често, разменувавме идеи, тргнавме од тоа да решиме еден од проблемите кои им одземаат многу време на луѓето, а моментално еден од најголемите во Македонија е наоѓање на работа.“

Како дојдовте до идејата за GiveBrand.to?

Идејата позади GiveBrand се роди во разговор за тоа колку е долг процесот и колку чини една компанија да најде квалитетен кадар. Компаниите добиваат голем број на CV-ија, каде секој може да напише што сака. За луѓето што работат со човечки ресурси е тешко да одредат кој од кандидатите навистина е добар во тоа што напишал во своето резиме. Процесот на закажување интервјуа, елаборирање на познавањата на кандидатите за областа што тврдат дека ја познаваат, компаниите ги чини многу време и пари.

Целта на GiveBrand е да го реши тој проблем на едноставен и уникатен начин разбирлив за сите корисници.

Кажи ни, што точно е GiveBrand.to? Што треба да знаат корисниците за да се снајдат?

Секој корисник на GiveBrand прави листа на тагови (зборови) кои лесно ги опишуваат вештините што ги поседува. Исто така другите корисници можат да посочат (тагнат) некоја друга вештина што мислат дека добро би го опишала нивниот соработник или пријател. Сите овие вештини ги прикажуваме во (tag cloud – облак од зборови) – ентитет веќе добро познат и претпознатлив на сите (се надеваме). Сликата за тоа колку навистина корисникот е добар во вештините кои ги поседува, ја цртаат сите негови соработници, пријатели со гласање за тие вештини.

Тука е уникатноста на GiveBrand. За секоја вештина GiveBrand пресметува бодови кои покажуваат колку корисникот е добар за истата. Корисникот не може да гласа за себе – брендот на секој корисник го креираат другите корисници со давање на својот глас за вештините кои сметаат дека корисникот ги поседува. Не е важно колку луѓе гласале за одредена вештина, важна е нивната кредибилност. На пример, доколку 100 луѓе гласале за Петко дека е добар менаџер, бројот на бодови кои Петко ќе ги добие за вештината ‘менаџер’ ќе зависи од тоа колку од бројот на гласачи се исто така менаџери и колкава е нивната кредибилност.

На овој дел од апликацијата потрошивме најмногу време, вклучени беа и други луѓе од различни професии се додека не дојдовме до посакуваниот резултат.

На тој начин секој корисник може лесно да види на својот облак од зборови, за кои вештини другите мислат дека е добар. Зборовите во облакот се прикажуваат во различни големини. Што е поголем зборот тоа значи дека корисникот е подобар во таа вештина од останатите. На тој начин секој што е заинтересиран за вас може да види во што сте добри кога ќе го посети вашиот бренд и за неколку секунди да дознае.

Корисникот може да го промовира својот бренд по друштвените мрежи (Twitter, Facebook, LinkedIn, Google+) или сите оние што мислат дека некој бренд е добар може исто така да го споделат. Но, пишувањето само на еден таг (збор, зборови) за некоја вештина не е доволно само да се даде глас, затоа може да напишете препораки поврзани за одредена вештина со што би кажале нешто повеќе – зошто гласате за тој таг, зошто тој корисник е многу добар и сл.

Сајтот е на англиски. Тоа значи дека не ја таргетирате Македонија?

Таргет група се сите оние кои што бараат работа и сакаат нивните вештини да бидат препознати. Исто така тука спаѓаат и компаниите со човечки ресурси кои што можат на едноставен начин да имаат подобра слика за кандидатите или нивните клиенти. За во иднина планираме да додадеме поддршка за додавање на кирилични тагови, а наскоро и ангажирање на ПР агенција за промоција на сервисот.

[youtube]1yGSIHcAPqs[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
N..
N..
13 years ago

Bravo momci makedonci.

види ги сите огласи на kariera.it.mk