Откако побараа сите 39 производи да се отстранат од „зелената“ листа, Apple официјално ja призна својата грешка во писмо наменето до сите корисници и критичари, во кое истакна дека цело време работат на еколошки производи и дека се една од водечките компании кога се работи за отстранување на токсични материи и пластика.
Сето ова доаѓа откако голем број на фанови на Apple се побунија поради повлекувањето на производите од EPEAT (Electronic Product Environmental Assessment Tool) листата, а властите во Сан Франциско истакна дека нема да купуваат производи кои немаат сертификат.
На ова се огласи и EPEAT кои велат дека среќен што производите на Apple се имаат вратено на листата. Се огласи и Greanpeace International. Еколошката организација кој претходно го критикуваше Apple, сега и честиташе на компанијата што се врати на листата.
„Го поздравуваме Apple што ‘размислува зелено, не алчно’ и што ги слуша своите корисници кои бараат дизајнот да не ја загрози околината. Очекуваме повеќе детали да се осигураме дека идните верзии на компјутери од Apple ќе бидат направени со делови кои можат да се извадат лесно и да се рециклираат, а не како што случајот со сегашниов MacBook Pro.”, вели Greenpeace.







