0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2012

PlayStation 3 ќе има 16, 250 и 500 GB хард диск?

На страната на Anatel (Бразилската Агенција за Телекомуникации) се постирани слики на нов модел на PlayStation 3, прв забележа бразилскиот портал Тechnoblog. Во документот испратен до агенцијата се бара одобрување на три модели кои се различни пединствено по големината на дискот. Ќе има верзии со 16, 250 и 500 GB дискови, и покрај новиот дизајн конзолата ќе има поддршка за Bluetooth и WiFi.

Покрај ова неодамна слични барања се поднесени и до американската Federal Communication комисија, во кои се навестува уред PS3 серија 4000. Досегашните верзии на конзолата во Америка се регистрирани под серијата 2000.

Единствено што зачудува е големината на хардискот од 16 GB, кој не верувам дека во денешно време е доволно за било каква употреба. Дали токму оваа верзија на конзолата навестува дека Sony и Gaikai се во напредна фаза на гејминг преку облакот или можеби оваа варијанта е наменета првенствено за аудио и видео репродукција?

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top