Чарли Шин или „Ворлок“, се реши да му каже збогум на Тwitter. Актерот кој со своите луди изјави за неговиот живот со кокаинот ги привлече вниманието на 7,7 милиони следбеници, го затвори својот профил без некакво објаснување, само со само куса порака: „Reach for the stars everyone. dogspeed cadre. c out (sic)“.
Чарли Шин е една од поголемите холивуски ѕвезди, но тој пред се е познат по својата контраверзност. Токму расправиите со продуцентите на серијата „Два и пол мажи“ и живеењето со две порно актерки му донесоа два милиони „поклоници“ во првите 48 часа откако се приклучи на платформата за микро-блогирање, со што влезе и во Гинесовата книга на рекорди. Тој дури имаше вработено помошник кој се грижеше за неговите постови.
Чарли Шин моментално е актуелен со својата нова серија Anger Managment која одлично е примена од публиката. Во интервју за TMZ актерот изјави „Благодарам за огромната подршка. Ве молам да ме следите и во мојот следен подвиг ќе биде епски“.
