Microsoft го претстави најновиот Office 2013 кој е оптимизиран да се користи со допир и графичко пенкало. Целта е секако овој пакет за уредување документи да биде достапен за таблет компјутерите. Office 2013 ќе ги снима документите на SkyDrive, веб складиштето на Microsoft, за да бидат достапни од било каде.
Друга голема новина е што Microsoft ги интегрираше своите неодамнешни аквизиции во Office. Skypе ќе се користи за комуникација, а Yammer е интегриран за да биде друштвена мрежа за компаниите кои соработуваат на разни документи.
Сите овие новини и интеграции го прават Office 2013 доста привлечен продукт. Софтверот со години е популарен меѓу корисниците, но сега се чини дека Microsoft успева да понуди и нешто повеќе. Не само што ова е „модерен“ Office кој ќе биде достапен од било каде, туку ќе им обезбеди на корисниците повеќе продукти во еден пакет до кој можат да пристапат од било каде. Доколку платите претплата Microsoft ќе ви ги стрима апликациите преку облакот директно на PC на кој нема инсталирано Office 2013.
Интересно, Office 2013 Home и Student ќе доаѓаат претходно инсталирани на Windows RT, верзија на новиот ОС оптимизирана за таблет компјутерите кои работат на чипови од ARM. Овие таблет компјутер се очекуваат да бидат поефтини од конкурентните, што може да биде одличен потег за Microsoft да ги придобие корисниците да користат Office, SkyDrive, Yammer и Skype.
Office 2013 Customer Preview е достапен за симнување. Може да го најдете тука.
[youtube]9zf0dqzTUPk[/youtube]