0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2012

LinkedIn продолжува со редизајнот, го претстави новиот LinkedIn Today

Пред скоро време пишувавме дека LinkedIn подготвува нов дизајн, a сега компанијата го објави редизајнираниот LinkedIn Today. Ова е дел од сајтот преку кој сега ќе понудат подобар преглед на новостите за своите корисници.

Една од поголемите новини е можноста корисниците директно да коментираат и споделуваат содржини во својата мрежа.

„Овие можности, заедно со веќе постоечката можност за лично уредување на фидот со новости, освен тоа што им ги крати маките со скролање надолу и им нуди релевантни информации кога им требаат на корисниците, исто така им овозможува да видат што им се допаѓа на личностите во нивната мрежа.“, вели Рајан Рослански на официјалниот блог на LinkedIn.

Новиот Trending in Your Network таб ќе овозможи да се следат специфични содржини од одберени индустрии и компании, со содржина која е најпопуларна межу луѓето од таа индустрија. Со овие можности покрај брзото наоѓање на релевантни информации, ќе можете да видите и што вашите колеги или конкурент мисли за одредена содржина.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top