<Надополнето>Според информациите кои излегоа, Washington Post плати 12 милиони долари за целиот тим на Digg, додека LinkedIn одвои 4 милиони долари за 15 различни патенти на Digg, вклучувајќи го „кликни на копчето за да гласаш“. Додека пак, веќе споменатата сума oд 500.000 долари е за откупувањето на доменот, кодот и сите податоци со кои ќе раководи Betaworks.
</надополнвање>
Betaworks, стартап компанија која позади себе веќе ги има успешните сервиси како bit.ly и news.me, се обидуваше скоро 6 месеци да го купи сервисот за споделување линкови Digg, еден од првите на веб кој претстави друштвени компоненти како пријатели и следбеници, и успеа на крај да го земе за бедни 500.000 долари. Сега Betaworks ќе се обиде да го интегрира некогаш популарниот Digg во News.ме Inc, стартап кој споделува линкови од други друштвени мрежи преку мобилни апликации.
Во Digg, кој е основан во 2004 година од Кевин Роуз, до сега се инвестирани 45 милиони долари, а во 2008 година Google имаше неуспешен обид да го купи за 200 милиони долари. Моментално Digg има околу 7 милиони месечни посети, но неговата популарност е засенета од конкурентниот Reddit и секако друштвените мрежи како Facebook и Twitter.
Директорот на Digg, Мет Вилијам, вели дека Digg ќе продолжи да работи како „Entrepreneur in Residence“, а на претседателската позиција ќе биде основачот на Betaworks, Џон Бортвик.







