Руската Дума го изгласа новиот закон кој ќе им дозволи на властите да блокираат сајтови без судски налог. Според законот, власите ќе можат да им наредат на провајдерите да блокираат IP на сајтови во рок од 72 часа, ако не ќе ги исклучат веднаш. Официјално, целта на црната листа на сајтови е да се справи со нелегални содржини како детска порнографија и пиратерија, убиство, самоубиство, и тие кои можат да му „наштетат на здравјето“.
Но, законот наиде на критики од борците за слободата на интернет, меѓу кои и Wikipedia на руски јазик која се изгаси за 24 часа во знак на протест. Противниците на законот велат дека ова ќе им даде поголема контрола на властите да цензурираат и да спречат идни протести против режимот на претседателот Путин.
„Не треба да се брза со ваква одлука. Законот треба да биде дискутиран на отворен форум со учество на интернет индустријата и технички експери.“, вели уредничката на рускиот пребарувач Yandex, Елена Колмановкаја на својот блог.
Yandex и најпопуларната локална друштвена мрежа Vkontakte се меѓу противници на законот, но за разлика од Wikipedia, тие не ги изгасија сајтовите, туку објавија протестни пораки.
„Непријател на интернетот“?
Путиновото владеење со Русија е често критикувано и од интернационалната заедница поради обиди да се загушат опозициските активности. Според извештајот на Репортерите без граници oд март, Русија е меѓу земјите непријатели на слободниот интернет. Во овој извешта се наведува дека за време на парламентарските избори во Русија се забележале сајбер напади и апсења на новинари и блогери кои ги критикувале властите и кои „започнувале дискусија која може да се случи слободно само преку Интернет“. Дополнително, сите опозициски сајтови во Русија се означуваат како „екстремисти“ во медиумска и политчка пропаганда. Можеби ова ќе ве потсети и на Македонија, каде не-исто-мислениците се означуваат како „предавници“ и „соросоиди“.
Се чека само потпис од претседателот Владимир Путин за законот да стапи на сила.








Цензира е ова ;)
Ova ne e cenzura Viktore
Што е…?