Украдени се лични податоци на 1 милион корисници на Android Forums

Повеќе од милион корисници на AndroidForums можe да имаат проблеми поради неодамнешното пробивање на веб страната. Хакерите стигнале до кориснички имиња, имејл адреси, енкриптирани лозинки, IP адреси, но и други помалку важни информации врзани со форумот. За среќа недостатокот кој го овозможил пробивањето на форумот е познат и сега веќе отстранет.

Кодот на страната и базата на податоци се проверени за можен малициозен код кој го оставиле напаѓачите. За среќа во моментот кога дознаа за нападот АndroidForum ги сменија лозинки на вработените со случајни стрингови, со што беше оневозможен поголем безбедносен проблем.

Покрај информацијата за пробивањето на страната на форумот веднаш е побарано од корисниците да ги променат своите лозинки, но се предупредени да го направат истото за сите страни каде што користат иста комбинација на кориснички имиња и лозинки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk