0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2012

Office 15 ќе се појави следната недела?

Microsoft ќе го претстави најновиот Office следната недела, јавува USAToday. Според најавата објавувањето на новиот Office пакет најверојатно ќе се случи веќе во понеделник. Тогаш најверојатно ќе биде објавено и името на софтверскиот пакет, а сега се шпекулира помеѓу Office 15 и Office 2013. Веста е сè уште непотврдена од Microsoft, а и изворот е анонимен.

Microsoft веќе јави дека е завршена првата „верзија“ на Office и дека ќе може да ја пробате во втората половина на јули. Но заради преголемиот број на багови, бета тест верзијата Office 2013 Consumer Preview е поместен за крајот на јули.

Ќе биде интересно да видеиме колку и дали Office 2013 ќе биде подобар од претходната верзија. Иако овој софтверски пакет е најпопуларен, и можеби најквалитетен на пазарот, сепак многу други меѓу кои Google Docs и Zоho сериозно ја искористуваат облак технологија и може да бидат вистински конкуренти.  Се проценува дека во 2011, Office им дoнесе 22.2 милијарди долари на Microsoft.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top