Вести

3.564 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб ИТ.ЕУ

Safe Harbor 2: САД и Европа се договорија за префрлање на личните податоци

Европските и американските законодавци ја прифатија законската рамка за законот кој треба да го замени Safe Harbor, кој беше договор за пренос на податоци меѓу двата континенти. Новиот закон, како и претходникот, го регулира префрлањето на податоци на Европјаните на серверите во САД каде се најголемите технолошки компании, и доаѓа под ново име Privacy Shield. Законодавците […]

0 коментари Прочитај 13 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб гејминг

Влијателни YouTubе ѕвезди криеле дека се платени за позитивни рецензии

Повеќе YouTube презентери, помеѓу кои е и најголемата YouТube ѕвезда PewDiePie земале пари од Warner Bros за позитивна критика на Middle Earth: Shadow of Mordor. Ова немаше да биде никаков проблем доколку презентерите објавеа дека станува збор за спонзорирана содржина, но наместо ова за рекламирањето не се зборуваше јавно. Случајот дојде до американската Федерална комисија […]

1 коментар Прочитај 13 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Мобилниот сега е првиот екран што го гледате

Мобилните уреди се изборот на најголемиот број на корисниците, и сега станаа првите екрани на кои погледнуваме, вели анализата на Appannie. Корисниците сега користат повеќе време во апликациите, а користењето на апликации е во постојан пораст. За само две години времето кое луѓето го поминуваат користејќи апликации е двојно зголемено, тренд кој продолжува благодарение на […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Свет

Twitter сака да пренесува уште спорт; NBA и MLS се следни

Twitter се обидува да влезе во поактивно партнерство со телевизиите, и да ги привлече гледачите кои твитаат додека гледаат телевизија. Планот е да стримаат повеќе професионални спортови преку својата платформа. Twitter веќе има договор за пренос за натпреварите во американски фудбал организирани под покровителство на NFL. Но, сега преговара со NBA, MLS и кабловската мрежа […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хардвер

Не му верувајте на Samsung! Galaxy S7 Аctive не е водоотпорен

Иако Samsung тврди дека нивните телефони се водоотпорни, сепак најдобро е да не го ставате вашиот нов Galaxy S7 Active под вода. Тестовите кои ги направи Consumer Reports по втор пат покажа дека Samsung Galaxy S7 Active ја нема потребната заштита од вода која ја пишува во спецификациите. Consumer Reports го тестираше телефонот во симулирани […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Eвропските оператори потпишаа манифест за 5G мрежа

Операторите се договорија. До 2020 сите држави во Европската унија ќе имаат брзи 5G мрежи, стои во договорот кој го потпишаа најголемите светски телеком оператори. Помеѓу брзините на 5G, и 3G или 4G речиси да нема споредба. Новиот стандард ќе биде значително побрз, но Европската унија бара резервирани фреквенции кои ќе бидат со повисок приоритет, […]

1 коментар Прочитај 12 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Збогум зуење! Corsair направи маглев вентилатори

Corsair претстави нова серија на вентилатори, која ќе овозможи подобри перформанси и намалена бучава. Ова е овозможено од магнетното лежиште и специјално изработен ротор. Во вентилаторите кои се користат во моментов осовината на роторот поминува низ статорот и поради механичкиот контакт се слуша здодевната бучава или зуење. Во новите вентилатори перките ќе бидат одалечени од […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг Мобилни

Мора да ги фатите сите! Pokemon повторно го полуде светот

Pokemon повторно ја освои публиката. Во регионите каде е достапна, новата апликација на Nintendo ги зазема првите места по преземања на AppStore и Google Play, и бројот на дневни активни корисници веќе го надмина Tinder, а најверојатно наскоро ќе го надмине и Twitter. Pokemon GO комбинира носталгија по цртаниот филм и проширена реалност за да […]

1 коментар Прочитај 11 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Samsung ги претстави првите UFS мемориските картичи

Јужнокорејскиот гигант Samsung ги претстави првите Universal Flash Storage (UFS) мемориски картички кои би требало да ги заменат досегашните microSD картички. Но, сè уште нема уред на кој може да се користат. Картичките кои ги претстави Samsung се со капацитет од 32, 64, 128 и 256 гигабајти. Првичните претставени резултати се импресивни, од новите картички […]

0 коментари Прочитај 11 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Ti mene nosiš е првиот филм од регионот што е достапен на Netflix

Хрватскиот филм Ti mene nosiš е првиот филм од регионот кој е достапен на Netflix, и кој ќе биде дистрибуиран до потенцијална публика од 75 милиони гледачи. Филмот е дело на режисерката Ивона Јука и продуцентката Анита Јука, кои ја споделија одличната вест со Netokracija. „Ti mene nosiš е презентиран на Netflix European Film Market […]

0 коментари Прочитај 11 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Мобилни

Prizma е можеби најдобрата апликација за едитирање фотографии… ever!

Има купишта апликации со филтри за едитирање на фотографии. Филтрите станаа популарни со Instagram, и сега ги има насекаде, дури и на мобилниот Facebook. Но, сите се горе-доле исти. Сè додека на ја откриете Prisma – додаток за Instagram кој овозможува артистички манипулации на сликите, кои од обични фотографии се претвараат во уметнички дела. Тоа што […]

1 коментар Прочитај 11 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: YES организира натпревар за ИТ стартапи

Youth Entrepreneurial Service (YES) фондацијата организира бизнис натпревар наменет за стартапите од ИКТ секторот. На натпреварот своите идеи може да учествуваат и млади ентузијасти кои сè уште немаат сопствен бизнис. Единствено ограничување е за стартапите кои веќе постојат, e да не се постари од една година. Краен рок за пријавување е 25 јули, по што ќе започне оценување […]

0 коментари Прочитај 11 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

64 флопи читачи ја свират Smells Like Teen Spirit

Што може да се направи со 64 флопи диск читачи денес? Најверојатно ништо паметно, но може да се направи компјутерски оркестар наречен Floppotron, и креиран од Павел Задрожнијак.

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Со Мemories, Snapchat ја изгуби уникатноста

Snapchat е друштвена мрежа на која пораките имаат рок на траење. Ако ги испуштите во 24-часовниот период, тогаш никогаш нема да го видите тоа видео или фотографија. И тaa уникатност на Snapchat привлече 100 милиони активни корисници дневно да споделуваат милијарди парчиња содржина. Содржината на Snapchat беше видлива за кратко, но уште поважно секогаш продолжуваше […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Новите верзии на iOS 10 и macOS Sierra се достапни во јавна бетa

Новите оперативни системи од Apple, iOS 10 и macOS сè уште не се готови за широка публика, но бета верзиите се подготвени за развивачите да ги преземат и тестираат своите апликации. Вообичаено Apple ги предупредува кориснците да не ги користат бета верзиите на оперативните системи додека се во бета фаза на главните уреди, туку да […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Zero Days е документарен филм за првата сајбер војна и Stuxnet

Сајбер нападите врз инфраструктурата сега редовно се дел од вестите. Првиот ваков инцидент е нападот на центрифугите за збогатување на ураниум во Иран. Филмот Zero Days ги документира настаните кои доведоа до овој напад, но и последиците по безбедноста по нападот. Режисер и сценарист на филмот е Алекс Гибни кој е автор и на: Steve […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг Хардвер

Новата графичка од Nvidia GTX 1060 ќе биде конкурент на AMD

Nvidia не е подготвена да се откаже од пазарот на графички картички со подостапна цена. По издавањето на GTX 1080 и 1070 кои се наменети за најпробирливите корисници, Nvidia ја претстави Geforce GTX 1060. Новата графичка картичка ќе биде некаде на средината, и по перформансите и по цената, a ќе се натпреварува со RX 480. […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebook одлучува кои убиства може да ги видите

Алгоритмите за отстранување на несоодветна содржина на Facebook во најмала рака се чудни, и често, според Motherboard, се и контроверзни. Причината за оваа дебата е што видеото во кое се гледа како полицаец пука и го убива Филандо Кастил од Минесота, беше брзо отстранета од социјалната мрежа. Овие содржини иако се достапни на безбројни сајтови […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер Хак-атак/Приватност

Avast го купи конкурентот AVG за 1,3 милијарди долари

Avast и AVG се помеѓу најпопуларните анти-вируси, а наскоро двата ќе доаѓаат под ист бренд, откако Avast потроши 1,3 милијарди долари за својот лут ривал, јави Tech.eu. По спојувањето Avast ќе има вкупно 400 милиони корисници и со тоа ќе биде можеби најголемата анти-вирус компанија. Avast се подготвува за иднината во која најголем предизвик ќе […]

1 коментар Прочитај 8 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Storytelling Skopje раскажува интересни приказни за едно историско Скопје

Дали знаете дека „Патот на памукот и камили поминувале низ Скопје?“, или дека поминала и „Африканската коњаница под команда на францускиот генерал Жуно Гамбета?“. Можеби дека „До 1935 во Вардар имало речен остров, ада на која се одржувале спортски и забавни настани?“. Овие и куп други интересни илустрации се споделени на StorytellingSkopje, кул вебсајт посветена […]

2 коментари Прочитај 8 јули, 2016
Мени
Заедница
Изглед