0 коментари 2 мин. читање 12 јули, 2016

Не му верувајте на Samsung! Galaxy S7 Аctive не е водоотпорен

Иако Samsung тврди дека нивните телефони се водоотпорни, сепак најдобро е да не го ставате вашиот нов Galaxy S7 Active под вода. Тестовите кои ги направи Consumer Reports по втор пат покажа дека Samsung Galaxy S7 Active ја нема потребната заштита од вода која ја пишува во спецификациите.

Consumer Reports го тестираше телефонот во симулирани услови на длабочина од 1,5 метри. И по повторениот тест Samsung Galaxy S7 се расипа, а Samsung во своето соопштение вели дека е можно двата уреди да биле дефектни. „Samsung Galaxy S7 Active е еден од најиздржливите уррди на пазарот, заштитен е од гребење и доаѓа со IP 68 заштита. Има можност двата уреди да не се затворени како што треба“, велат од Samsung. Но, ако постои можност за толкава голема случајност двата уреди да не биле доволно добро затворени, тогаш постои и шанса и вашиот S7 Active да се расипе ако го ставите под вода.

Резултатите од тестирањето на Active не се однесуваат на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, кои успешно ги поминуваат тестовите. Ова не е прв пат Active серијата да има прoблеми со штета од вода. Претходно корисници на S5 Active и S6 Active се жалеа дека телефоните не ги исполнуваат спецификациите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top