ИТ настан: YES организира натпревар за ИТ стартапи

во ИТ.МК

Youth Entrepreneurial Service (YES) фондацијата организира бизнис натпревар наменет за стартапите од ИКТ секторот. На натпреварот своите идеи може да учествуваат и млади ентузијасти кои сè уште немаат сопствен бизнис. Единствено ограничување е за стартапите кои веќе постојат, e да не се постари од една година.

Краен рок за пријавување е 25 јули, по што ќе започне оценување на стартапите. Главни критериуми за избор на најдобрата идеја се: иновативност на идеја, потенцијал за развој, искуство на тимот, финансиска изводливост. Победникот ќе освои ваучер во вредност од 5.000 евра за користење на канцелариски простор во инкубаторот, советување и менторирање, учество во обуки организирани од YES, учество на интернационален b2b настан за вмрежување на ИКТ фирми, вмрежување со бизнис партнери, бесплатни информации за настани и конференции, и изработка на профил за промоција на бизнисот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments