1 коментар 1 мин. читање

Prizma е можеби најдобрата апликација за едитирање фотографии… ever!

Има купишта апликации со филтри за едитирање на фотографии. Филтрите станаа популарни со Instagram, и сега ги има насекаде, дури и на мобилниот Facebook. Но, сите се горе-доле исти. Сè додека на ја откриете Prisma – додаток за Instagram кој овозможува артистички манипулации на сликите, кои од обични фотографии се претвараат во уметнички дела.

13490593_1205265019497248_4165011509125431184_o

Тоа што е уште покул е што апликацијата користи невронските мрежи и вештачка интелигенција да ги промени сликите, а крајните резултати се импресивни. „Ние не ги чуваме фотографиите, туку нашите сервери користат три невронски мрежи кои го вадат стилот од одредени уметнички слики и го применуваат на фотографијата“, вели ко-основачот Алексеј Мојсенков за TechCrunch. Новиот „филтер“ засега е достапен за iOS, а до крајот на јули ќе пристигне и на Android.

Креаторите на Prisma, за Next Web најавија дека работат и на Prisma for Videos.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top