Avast го купи конкурентот AVG за 1,3 милијарди долари

Avast и AVG се помеѓу најпопуларните анти-вируси, а наскоро двата ќе доаѓаат под ист бренд, откако Avast потроши 1,3 милијарди долари за својот лут ривал, јави Tech.eu. По спојувањето Avast ќе има вкупно 400 милиони корисници и со тоа ќе биде можеби најголемата анти-вирус компанија. Avast се подготвува за иднината во која најголем предизвик ќе биде интернет на нештата, и паметните уреди кои освен нови можности се и нов предизвик за безбедноста. Тука сепак имаат поголема конкуренција од Cisco и Symantec.

„Индустријата брзо се менува, а оваа аквизиција ни овозможува да продолжиме да бидеме провајдер и избор за безбедноста на сегашните и идни корисници“, вели директорот на Avast, Винс Стиклер.

AVG беше еден од најстарите анти-вируси, но последните тестови на антивирусот не се за фалење. Па на последните тестови имаше ефикасност од 95,2 отсто. Avast на истите AV-тестови има ефикасност од 99,9 отсто. „Дефиницијата за онлајн безбедност сега е променета, од грижа за уредите кон загриженост од уредите, веруваме дека комбинираната компанија, ќе биде лидер во растечкиот пазар“, додава директорот на AVG, Гери Ковач.

Двете компании освен работата во истата индустрија ги поврзуваат и почетоците. Двете компании започнаа во Чехословачка, а седиштето на AVG сега е во Холандија. По завршување на зделката Avast добие пристап до AVG Zen мобилната технологија, која овозможува заштита на сите фамилијарни уреди од еден „централен“ уред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] години подоцна во една од најголемите зделки Avast за 1,3 милијарди го купи AVG, кој во овој период беше еден од најголемите […]