Јужнокорејскиот гигант Samsung ги претстави првите Universal Flash Storage (UFS) мемориски картички кои би требало да ги заменат досегашните microSD картички. Но, сè уште нема уред на кој може да се користат.
Картичките кои ги претстави Samsung се со капацитет од 32, 64, 128 и 256 гигабајти. Првичните претставени резултати се импресивни, од новите картички се вчитуваат податоци со брзина од 530 мегабајти во секунда, а запишувањето е 170 мегабајти во секунда. Ова е значително подобро од претходната технологија, вели Verge.
„Нашите нови 256 гигабајтни картички ќе oвoзможат совршено корисничко искуство за сите дигитално свесни корисници и ќе ни обезбеди лидерство во индустријата за етаблирање на најконкурентно решение за мемориски картички.“, вели Јунг-бае Ли, на блогот на компанијата.
Технологијата засега се користи единствено како внатрешна меморија на телефоните на Samsung (Galaxy S6 и S6 Edge) и не е достапна во ниту една мемориска картичкa. Недостапноста на картичките е логична со оглед на тоа дека во моментов ниту еден телефон не поддржува UFS.







