0 коментари 1 мин. читање

Новата графичка од Nvidia GTX 1060 ќе биде конкурент на AMD

Nvidia не е подготвена да се откаже од пазарот на графички картички со подостапна цена. По издавањето на GTX 1080 и 1070 кои се наменети за најпробирливите корисници, Nvidia ја претстави Geforce GTX 1060.

Новата графичка картичка ќе биде некаде на средината, и по перформансите и по цената, a ќе се натпреварува со RX 480. Картичката има слични перформанси со GTX 980 што значи дека сепак е нешто над конкурентот, но и ќе биде поскапа. Founders верзијата доаѓа за 300 долари, а „обичната“ верзија ќе чини 250 долари.

Според првите најави GTX 1060 доаѓа со 1.280 CUDA-јадра, работна фрекфенција на графичкиот процесор од 1.7 GHz, 6 GB DDR5 и потрошувачка од 120W. Како и конкурентот и 1060 e подготвена за виртуелната реалност. Nvidia GTX 1060 излегува во продажба за 10 дена, на 19 јули и тогаш ќе ги имаме првите официјални бенчмарк тестови. Дотогаш ветувањето на Nvidia е дека графичката картичка е со перформанси кои може да се споредат со GTX 980.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top