Мора да ги фатите сите! Pokemon повторно го полуде светот

Pokemon повторно ја освои публиката. Во регионите каде е достапна, новата апликација на Nintendo ги зазема првите места по преземања на AppStore и Google Play, и бројот на дневни активни корисници веќе го надмина Tinder, а најверојатно наскоро ќе го надмине и Twitter.

Pokemon GO комбинира носталгија по цртаниот филм и проширена реалност за да привлече што е можно повеќе публика. Играта е толку популарна што Nintendo мораше да го одложи светското лансирање, па засега Pokemon Go официјално е достапен единствено во: Јапонија, Австралија и САД. Но, со мала помош на Google може да најдете APK фајл за да ја симнете на Android. За iOS за жал ќе треба да почекате.

Иако играта е совршена за проширената реалност, сепак популарноста на Pokemon Go е резултат од големиот број фанови на покемоните. Можеби наjдобар показател за можностите на видеоиграта е бројот на објави кој тврдат дека корисниците почесто се шетаат надвор, во потрага по покемоните, наместо да седат пред компјутер.

Условот за играта е да ги пребарувате покемоните, кои се расфрлани низ градовите, парковите и дворовите. „Играта е лудо заразна, многу забавна и најверојатно најголемиот напредок против прекумерната тежина во последно време. Не, не се шегувам.“, вели Пол Таси од Forbes.

За жал играта веќе допринесува и за понемили наслови, неколку корисници јавија за повреди поради преголемата занесеност во играта. Неколку корисници јавија дека потрагата по покемони ги носи на опасни места, а полицијата во Австралија побара од „ловците на покемони“ да престанат да го бркаат Sandshrew кој се појавил во полициската станица во Дарвин.

13606845_923227561157136_7401618633384611555_n

Корисниците кои се надвор од регионите во кои официјално е достапна играта можат да ја инсталираат, доколку ги применат стандардните „трикови“. За iOS корисниците треба да го променат регионот во Аpple ID, а потоа да креираат нов профил за американскиот AppStore и да ја преземат играта од таму.

За Android корисниците најпрво треба да преземат APK од апликацијата. Веќе има неколку локации од каде може да ја преземете играта, иако не сите се безбедни. ApkMirror нуди безбедна верзија на апликацијата, вели Guardian. Во Settings > Security > activate Unknown sources, и потоа симнете го APK фајлот кој ќе се симне во Downloads. По инсталирањето на Pokemon Go веднаш вратете го назад ова нагодување. Доколку сепак сте загрижени за безбедноста, добри вести од „извор запознаен со плановите на компанијата“, играта во следните неколку дена ќе биде достапна и во Европа, пренесува Wall Street Journal. Па, за неколку дена единствено ќе треба да се грижите за празнењето на батеријата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments