0 коментари 1 мин. читање

Збогум зуење! Corsair направи маглев вентилатори

Corsair претстави нова серија на вентилатори, која ќе овозможи подобри перформанси и намалена бучава. Ова е овозможено од магнетното лежиште и специјално изработен ротор.

Во вентилаторите кои се користат во моментов осовината на роторот поминува низ статорот и поради механичкиот контакт се слуша здодевната бучава или зуење. Во новите вентилатори перките ќе бидат одалечени од куќиштето на моторот, па ова ќе овозможи подобри перформански и помалку бучава. При 400 вртежи во минута шумот е само 16 db, а при 2.400 вртежи 37 децибели, јави Tomshardware. Дополнително, аглите се со додадена подлога против зуење што го намалува шумот.

Вентилаторите се веќе достапни, но за жал тишината не е евтина. Oвие вентилатори ќе доаѓаат за цена од 25 долари до 40 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top