0 коментари 1 мин. читање 8 јули, 2016

Со Мemories, Snapchat ја изгуби уникатноста

Snapchat е друштвена мрежа на која пораките имаат рок на траење. Ако ги испуштите во 24-часовниот период, тогаш никогаш нема да го видите тоа видео или фотографија. И тaa уникатност на Snapchat привлече 100 милиони активни корисници дневно да споделуваат милијарди парчиња содржина.

Содржината на Snapchat беше видлива за кратко, но уште поважно секогаш продолжуваше со ново реално, неедитирано видео. Но, сега тоа ќе се смени. Друштвената мрежа ги претстави Memories, нова функционалност која ќе дозволи да се сочуваат и едитираат снаповите, да им се додадат гео-локациски тагови дури и кога не сте на локацијата, и на крај да се додадат во вашите лични Stories.

Memories ќе бидат достапни за Аndroid и iOS во наредниве месеци.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top