Влијателни YouTubе ѕвезди криеле дека се платени за позитивни рецензии

Повеќе YouTube презентери, помеѓу кои е и најголемата YouТube ѕвезда PewDiePie земале пари од Warner Bros за позитивна критика на Middle Earth: Shadow of Mordor. Ова немаше да биде никаков проблем доколку презентерите објавеа дека станува збор за спонзорирана содржина, но наместо ова за рекламирањето не се зборуваше јавно.

Случајот дојде до американската Федерална комисија за трговија која им забрани на Warner Bros сличен начин на рекламирање во иднина. Договорите кои компанијата ги имаше со креаторите на содржина вклучуваа рецензиите на игрите да бидат презентирани само во позитивно светло. Видеата во кои се рекламираа игрите на овој издавач имаат на 5,5 милиони прегледи, а најголем дел отпаѓаат на PewDiePie со 3,7 милиони прегледи, јави Verge.

„Потрошувачите имаат право да знаат дали презентерите го кажуваат своето мислење или рекламираат производи. Компаниите како Warner Brothers мора да им кажат на потрошувачите за онлајн рекламите“, вели Џесика Рич од Бирото за заштита на потрошувачите.

Дури 21 отсто од јутјуберите кои имаат над 5.000 претплатници, земале паричен надоместок од издавачите, а 5 отсто го направиле истото, но само ако развивачите на видеоигри први им понудат пари, вели истражувањето на Gamasutra. Ова секако не е проблем, но платеното рекламирање секако мора да биде најавено.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] влијателни YouTube ѕвезди открија дека во дел од видеата рекламираат без објава што се коси со етичките […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk