Операторите се договорија. До 2020 сите држави во Европската унија ќе имаат брзи 5G мрежи, стои во договорот кој го потпишаа најголемите светски телеком оператори.
Помеѓу брзините на 5G, и 3G или 4G речиси да нема споредба. Новиот стандард ќе биде значително побрз, но Европската унија бара резервирани фреквенции кои ќе бидат со повисок приоритет, а ќе се користат за автономни возила, онлајн здравствени услуги и слично.
Nokia, BT, Vodafone, Orange, Deuche Telekom се дел од операторите кои се обврзаа дека до 2020 мрежата во Европа ќе биде 5G. Операторите ја искористија и оваа прилика да потсетат на важноста на интернет неутралноста. Ова е проблем во Европа, бидејќи новиот закон предвидува приоритет за некои сервиси.
„Европската унија и државите членки мора да се помират со потребата за отворен интернет, со прагматични правила кои ќе поттикнуваат иновација. Предупредуваме дека сегашните насоки за интернет неутралност кои ги предлагаат законодавците во Европа ќе создадат сомнежи за повратокот на инвестиција од 5G мрежа“.
Поради ова инвестициите најверојатно ќе бидат одложени доколку законодавците не заземат позитивен став и не се заложат за иновациите, се вели во манифестот кој го пренесе BBC.
[…] Ова подразбира двослоен интернет, од кој едната приоритентна лента ќе се користи за ризични сервиси, во кои е сместена и комуникацијата со автономни возила. Неодaмна телеком оператортите во Европа се договорија до 2020 мрежата да биде 5G. […]