Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Сега може да ги замолчите досадните твитерџии со Mute копче

Иако логичниото решение против досадни твитерџии е да ги отследите, сепак Twitter верува дека тоа ќе доведе до незгодни ситуации, па воведе нова опција Mute која ќе ви помогне да ги „замолчите“ тие што се досадни. Mute е достапна на веб, iPhone и Android апликациите, со функцијата да ги сокрие сите пораки и ретвитови од […]

0 коментари Прочитај 13 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

ИТ настан: Startup Grind Skopje сака да ги поврзе и инспирира локалните стартапи и инвеститори

Во една реченица, Startup Grind е нешто како TED за луѓе кои работат на развој на бизнис, објаснува Ирена Ефремовска од бизнис тренинг центарот Clear View кои се организатори на настанот во Скопје. Поддржана е од Google for Entrepreneurs, Startup Grind е глобална заедница со мисија да инспира претприемачи. Нема натпреварување помеѓу компаниите, туку се […]

0 коментари Прочитај 13 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

Google мора да ве заборави на ваше барање, нареди Европскиот суд за правда

Eвропскиот суд за правда пресуди во корист на корисниците, кои сега го имаат правото да бидат заборавени на интернет. Судот му нареди на Google да им овозможи, по нивно барање, поголема приватност на индивидуалните граѓани со тоа што ќе избрише резултати во пребарувањето кои водат „застарени и нерелевантни“ кориснички информации. Оваа конкретна одлука се сднесува […]

3 коментари Прочитај 13 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

LG вели дека G Watch е паметен часовник „подготвен за се“; ќе работи на Android Wear

Судејќи од новото видео за G Watch, LG e подготвен да го „дефинира“ паметниот часовник дизајниран со метални рамки, отпорен на вода, „подготвен за се и секаде“. Дизајнот на LG G Watch секако ќе биде многу важен за корисниците – не треба да се заборави дека часовниците сè уште се моден додаток – но кога […]

0 коментари Прочитај 12 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Мора да прочиташ

Apple сака да го купи Beats на Др. Дре за 3,2 милијарди долари

Apple планира да потроши 3,2 милијарди долари на музичкиот сервис и производителот на слушалки Beats на раперот Др. Дре и продуцентот Џими Јовин, кои пред една година имаа неуспешна соработка со HTC. Според Financial Times, зделката може да биде официјално објавена уште следната недела и може да биде најскапата аквизиција на друга компанија од страна […]

3 коментари Прочитај 9 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

#маратонТРАНСПАРЕНТ: Tвитерџиите подготвуваат натписи за Скопскиот маратон 2014

Македонските твитерџии, познати по својата налудничава креативност, го прифатија предизвикот на Wizz Аir да креираат најдобар навивачки транспарент за Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела на 11-ти мај. Иако некои се фантастични, сепак не може да очекуваме дека предложените транспаренти ќе бидат прифатени официјално – и со право бидејќи некои се комплетно несоодветни, […]

0 коментари Прочитај 9 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Најмасовните политички избори во светот се водат преку холограм

Индискиот кандидат за премиер Нарендра Моди користи холограми за да може да стигне да им се обрати на 800-те милиони граѓани во најразличните делови од земјата. Оваа холограмска технологија крстена како „3Д холографски митинг“ му дозволува на г. Моди да присуствува на 100-тина настани истовремено, велат од неговата партија Baratiya Janta. Но, користењето на холограмите […]

0 коментари Прочитај 8 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Сепак дизајнот е важен! Samsung го смени главниот дизајнер на Galaxy телефоните

По критиките за пластичниот дизајн на новиот Galaxy S5, Samsung се реши да го замени главниот дизајнер Чанг Донг-хун, кој сега ќе го води тимот за дизајн стратегија одговорен за долгорочната стратегија за сите бизниси на Samsung. Г. Донг-хун, 42, стана најмладиот директор во јужнокорејската компанија бидејќи неговиот дизајн на Galaxy телефоните му помогна на […]

0 коментари Прочитај 8 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

LG вели дека е ОК да си разговарате со вашиот фрижидер; го стартува HomeChat

LG претстави сервис за пораки HomeChat со кој ќе може да проверите уште колку пиво имате во фрижидерот или да ја стартувате рерната преку мобилниот телефон. Сервисот користи Natural Language Processing (NLP), а паметните уреди од линијата на LG комуницираат со корисниците преку LINE, популарна азиска апликација за четување со над 300 милиони корисници. Поради […]

0 коментари Прочитај 7 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Над 3 милијарди луѓе ќе бидат поврзани до крајот на годината, велат Обединетите нации

Три милијарди луѓе, или околу 40 отсто од светската популација ќе бидат поврзани на Интернет до крајот на 2014-та година, објави Интернационалната телекомуникациска унија на Обединетите нации. Според извештајот, две-третини од интернет корисниците се од земјите во развој, а мобилната броадбенд пенетрација достигнува 32 отсто, или 2,3 милијарди корисници глобално. Но, 60 отсто од луѓето, […]

0 коментари Прочитај 7 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Поглед од Чешка: На македонските стартапи им треба поддршка, не скептицизам

Македонија има талент, но тој талент да се развие треба пари и поддршка. Ова можеби звучи како нешто веќе чуено, но тоа е реалноста, овојпат, како и многу други пред него, пренесена од Владо Петрушев, кој е моментално во Брно, Чешка, каде работи во компанија за мобилни апликации. Владо пристигна во Чешка во 2013-та година […]

2 коментари Прочитај 7 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Новата апликација на Tumblr сега има 3,3 милијарди уникатни дизајни

Tumblr од секогаш ги охрабрувал своите 180 милиони блогери да бидат креативини и слободни во изразувањето на својот блог, а сега ќе им дозволи да го направат тоа и преку новата мобилна апликација за Android и iOS. Сега блогерите можат да одберат од 3,3-те милијарди теми, бои, стилови и фонтови за да си ја персонализираат […]

0 коментари Прочитај 6 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Македонски инженери сакаат да им помогнат на роверите на NASA да се снајдат на Марс

Меѓу финалистите на NASA Space Apps Challenge се наоѓа и тимот DECAone, составен од пет македонски студенти, кои имаат идеја да овозможат пристап до мапи и навигација од било каде без пристап на интернет, дури и од Марс. Јован Андонов, Суад Салиу, Артан Рамани, Висар Зејнулаху и Блерант Рамадани, студенти по компјутерски науки на ФИНКИ […]

9 коментари Прочитај 6 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Македонија се развива полека, но се уште недостасуваат ИТ иновации

Македонија напредуваше 10 места, и се наоѓа на 57-тото во новиот извештај за ИТ подготвеност на Светскиот економски форум во кој се оценети вкупно 148 земји. Според различните параметри, Македонија рангира подобро од некои свои балкански соседи, но не и од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Турција, што се должи на пристапниот интернет и поврзаноста. […]

0 коментари Прочитај 5 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Vine сака да биде YouTube за видеa од шест секунди

Vine, мобилниот сервис на Twitter за споделување на кратки видеа од шест секунди, стартува нови функционалности на својата веб верзија. На веб можевте да ги прегледувате само стримот со содржина, а сега се додадени нови функционалности за пребарување преку Explore опцијата и откривање на нови видеа, кои сега може да се прегледаат од сите, без […]

0 коментари Прочитај 5 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Апликација на денот: Google објави самостојни Docs, Sheets и наскоро Slides за iPhone и Android

За да им конкурира на Microsoft Office за Android и iPad, кои од неодамна се бесплатни за сите, Google објави самостојни Google Docs и Google Sheet апликациии. Овие две апликации и досега беа присутни на мобилните платформи со разлика што мораше да се логирате преку Google Drive апликацијата или преку мобилен прелистувач. Drive ќе продолжи […]

0 коментари Прочитај 5 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Eлегантниот Firefox 29 ja има најголемата персонализација меѓу прелистувачите

Mozilla ја објави финалната верзија на Firefox 29 кој е најавен како „Firefox со најголема персонализација до сега“. Покрај новиот елегантен дизајн со Australis интерфејс, со тенки табови за полесно прелистување, направен да го зголеми фокусот на содржината наместо да го одвлекува вниманието со табовите кои исчезнуваат во позадината; најголемата новина во Firefox 29 e […]

2 коментари Прочитај 29 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Coursera бара помош да ги преведе бесплатните курсеви на повеќе јазици

Едукативниот сервис Coursera започна иницијатива за да ги преведе над 600-те бесплатни курсеви на што е можно повеќе светски јазици. За помош, сервисот им се обрати на заедницата и волунтерите заеднички да ги преведат курсевите на своите локални јазици. Само 40 отсто од 7,5-те милиони регистрираните корисници на сервисот зборуваат англиски јазик, останатите 60 отсто […]

0 коментари Прочитај 29 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Македонската TweetsPie има нов минималистички редизајн за Android

TweetsPie, наградуваната македонска апликација за прегледување на најпопуларните твитови, објави нов редизајн на својата Android верзија. Со новиот минималистички дизајн на Сања Вељановска, „се следат трендовите“ и промените кои ги прави Twitter, и се додаваат неколку нови функционалности кои ќе треба да ја направат апликацијата поинтерактивна. Освен што може да се отвори кориснички профил директно […]

0 коментари Прочитај 29 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Зошто Android e тапа, и зошто не е…

Вечната војна помеѓу Android и iOS веќе не се води помеѓу фановите на двете најпопуларни мобилни платформи, туку се претвара во лична битка за кој телефон да одбереме. Ако iPhone беше далеку посупериорен пред неколку години, сега има Android телефони како Samsung Galaxy S5, HTC One и Google Nexus 5 кои се исто толку моќни […]

3 коментари Прочитај 28 април, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top