По критиките за пластичниот дизајн на новиот Galaxy S5, Samsung се реши да го замени главниот дизајнер Чанг Донг-хун, кој сега ќе го води тимот за дизајн стратегија одговорен за долгорочната стратегија за сите бизниси на Samsung. Г. Донг-хун, 42, стана најмладиот директор во јужнокорејската компанија бидејќи неговиот дизајн на Galaxy телефоните му помогна на Samsung да продава два пати повеќе телефони од конкурентот iPhone.
Но, иако Galaxy телефоните останува омилен меѓу корисниците поради фантастичниот хардвер и купот функционалности, сепак новите Galaxy се истите пластични телефони како претходниците. Последните критики од корисниците и изгубените судски спорови со Apple, кој го обвини Sаmsung дека го копира дизајнот на iPhone, направија доволно притисок врз јужнокорејскиот гигант да направи драстична промена во својот тим. Може да се каже дека Samsung го призна поразот во дизајн битката, oткако му дозволија и на HTC да се врати на пазарот со алуминиумските HTC One телефони, и откако судот ги казни со дополнителни 120 милиони долари бидејќи прекршиле патенти за iPhone.
Г. Донг-хун, кој се понуди да ја напушти компанијата пред една недела, ќе биде заменет со Ли Мин-хјуок, потпретседател за мобилен дизајн на Samsung.
[youtube]p9zdCra9gCE[/youtube]







