0 коментари 2 мин. читање

#маратонТРАНСПАРЕНТ: Tвитерџиите подготвуваат натписи за Скопскиот маратон 2014

Македонските твитерџии, познати по својата налудничава креативност, го прифатија предизвикот на Wizz Аir да креираат најдобар навивачки транспарент за Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела на 11-ти мај. Иако некои се фантастични, сепак не може да очекуваме дека предложените транспаренти ќе бидат прифатени официјално – и со право бидејќи некои се комплетно несоодветни, додека други се инспиративни, и, како што може да се очекува од твитерџиите, саркастични шеги за општеството во кое живееме. Но, може да се надеваме дека твитерџиите самите ќе си ги испринтаат своите транспаренти и ќе ги донесат на маратонот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top